Wednesday, May 4, 2011

Туризмот е стопанска гранка која го опфаќа привременото патување на луѓето од едно до друго место заради задоволување на културни, рекреативни, здравствени и други потреби. Развојот на туризмот зависи од повеќе природно - географски, антропогени и материјални фактори.
 Природно - географските туристички мотиви ги опфаќаат: пелјефните одлики, климатските прилики, хидрографските услови, растителниот и животинскиот свет.
 Антроподените фактори ги опфаќаат културно - историските споменици (археолошки наоѓалишта, сакрална архитектура, споменици), етносоцијалните (духовна и материјална култура) и манифестациските вредности (разни културно - просветни и забавни манифестации).
 Материјалните услови ја опфаќаат опременоста на туристичките простори со разни сместувачки угостителско - туристички објекти.
 Во Република Македонија се присутни скоро сите услови како фактори за разој на туризмот. Најатрактивни објекти се езерата, планините, бањите и градовите.
 Езерски туристички места во Република Македонија се Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие имаат чиста и релативно топла вода, пријатна за капење. Покрај нив се изградени поголем број туристички објекти (хотели, мотели и ресторани).
  Македонските езера се привлечни бидејќи покрај нив се изградени интересни населени места богати со антропогени туристички објекти (цркви, манастири, галерии, археолошки наоѓалишта и др.) во кои се одвиваат разни туристички манифестации. Такви се: Охрид, Струга, Дојран, Отешево и др. 
  Планински туристички места во Република Македонија има повеќе. Најпривлечни и најразвиени се: Попова Шапка на Шар Планина, Маврово на Бистра, Нижеполе и Копанки на Пелистер, Крушево на Бушева Планина, Пониква на Осоговските Планини, Сувилаки на Малешевските планини и други. Тие имаат услови за летен рекреативен, зимско-спортски и за ловен туризам. Во некои од нив се присутни карактеристични населби како што се: Галичник кој е познат по манифестацијата Галичка свадба, Крушево како највисок град на Балканот, со мочне пријатна клима, Маврово како комбиниран зимско-спортски и езерски центар.
 Бањски туристички места во Р. Македонија има 8, и тоа: Кумановска Бања, Катлановска Бања, бањата Кежовица кај Штип, Бање кај Кочани, Бања Банско кај Струмица, Негорски Бањи кај Гевгелија и бањите Косоврасти и Бањиште кај Дебар. Сите се уредени и опремени за здравствени и за рекреативни цели.